Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,36 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1948
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ЕТНОГРАФСКИ МУЗЕЈ /
Филмски запис од музејските поставки во етнографското одделение на тогашниот Народниот музеј на Македонија. Во 1949 година етнолошкото одделение се формира како посебна институција Етнолошки музеј на Македонија.
Најнапред камерата ја регистрира зградата на музејот, а потоа во ентериер швенкува по музејската збирка од машки и женски народни носии. Фокусот е ставен на богатата женска носија од неколку краишта на Македонија, нејзиниот облик, разноврсниот начин на украсување со везени и волнени орнаменти, реси, плетенки и многубројниот накит. Од горен ракурс снимен е изложбениот простор на фрески и макети од црковна архитектура. Потоа, од народната техника на еден моделарен начин е преставена градителско-архитектонската традиција на македонскиот народ.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: