Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,45 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1948
Содржина: ПРИЛОГ 1 - СРЕДНО СТРУЧНО ТУТУНСКО УЧИЛИШТЕ /
Од теоретската и практична настава во Среднотото стручно тутунско училиште, основано при Тутунскиот институт во Прилеп. Во почетниот кадар, екстериер на институтот. Ученик во крупен план и швенк по училницата. Камерата се задржува до наставникот кој објаснува фаза на цутење на тутунот, како дел од програмските содржини. Учениците пишуваат забелешки од предавањето. По теоретската настава, учениците своите знаења ги усовршуваат на вежби во лабораторија покрај микроскоп, непосредно следени од наставник. По наставата, слободните активности и дружења се одвиваат во „Црвеното катче“.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: