Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,41 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1949
Содржина: ПРИЛОГ 1 - I КОНГРЕС НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА /
Прилог посветен на I Конгрес на Комунистичката Партија на Македонија, одржан во салата на Народниот театар во Скопје. По повод Конгресот, ноќна снимка на централниот дел на Скопје свечено украсен. Тотал на делегатите во салата. Конгресот е поздравен од Благој Нешковиќ, во името на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Југославија и генерал лајтнант Влада Јовановиќ, во името на Југословенската Армија. Политички извештај, во името на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Македонија, поднесува Лазар Колишевски. Организационен извештај во името на КПМ, поднесува Видое Смилевски. На крајот од работата на Конгресот, со тајно гласање, се избира нов Централен комитет и Национална ревизиона комисија.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: