< Назад

Филмски новости бр.158/49

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Род: Журнал

Времетраење: 1,39 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1949

Содржина: ПРИЛОГ 1 - ЖЕЛЕЗНИЧКА РАБОТИЛНИЦА ВО ТИТОВ ВЕЛЕС /
Од активностите во работилницата на фабриката за шински возила во Титов Велес. На самиот почеток, во тотал, прикажани се неколку вработени во работилницата, кои од стари возила вадат делови за изработка на нови товарни вагони. Процес на сервисирање на еден од најважните делови на железничкото возило, оската и тркалото и нивно поврзување. Следуваат постапки на бојадисување и печатење натпис и информативна сервисна табела на вагонот. Во последните кадри забележана e композиција во движење.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:

Снимател: Попов Трајче

Фотографии: