< Назад

Филмски новости бр.159/49

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Род: Журнал

Времетраење: 1,34 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1949

Содржина: ПРИЛОГ 1 - ФАБРИКА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ОВОШЈЕ „МИЧУРИН“ /
Од производствениот процес во фабриката за преработка на овошје „Мичурин“, во Скопје. Фабриката своето име го добила според познатиот руски ботаничар Иван Владимирович Мичурин. Неколку детали од подготовката на овошјето за преработка, рачно селектирање и чистење и машинско миење на овошјето. Следуваат неколку кадри од  технолошкиот процес: додавање на шеќер во машината, следење на инструментите за мерење, анализа на густина на смесата и начин на конзервирање со варење. На лимената амбалажа работниците рачно лепат етикети.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:

Снимател: Попов Трајче

Фотографии: