< Назад

Филмски новости бр.161/49

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Род: Журнал

Времетраење: 1,47 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1949

Содржина: ПРИЛОГ 1 - ЗАДРУЖНО СЕЛО СОФИЛАРИ /
Во воведната секвенца од прилогот, во тотал, стадо овци на пасиште во преден план и далечен план на малото рамничарско село Софилари, на реката Брегалница крај Штип. Носечката дејност во Земјоделската задруга „Братство-Единство“ во селото е овчарството, одгледување на автохтони – домашни овчеполски соеви на овци за кои се грижат мажите. Стадото овци, на брегот на реката Брегалница. Следуваат неколку кадри снимени во атарот на селото: воловска запрега во движење, поправка на кровна конструкција на објект и ложење фурна за печење леб. На чешмата сред село, жените полнат вода во бардаци и ѓумови и перат. Во седиштето на Задругата прикажан дел од административните работи. Во среден план, со швенк на десно, камерата ја следи работата на жените облечени во народни носии, кои се занимаваат со ракотворби. Во последните кадри прикажани се овчари покрај оган и стадо овци на пасиште.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:

Снимател: Попов Трајче

Фотографии: