Производство: „Дарданиа Филм“ - Скопје и „Шкупи Филм“ - Приштина
Земја на потекло: Р. Македонија
Род: Игран филм
Времетраење: 81 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2015
Содржина: „Миграцијата е еднонасочно патување. Не постои гнездо каде би се вратил.“ Стјуард Хол
Играниот филм „Враќање“ ја обработува миграцијата како многу распространет феномен кај Албанците, но и противречностите што интеграцијата и глобализацијата ги носат во албанските традиционални семејства. Како последица на тоа, во овие цивилизациски и културни констелации се воспоставува етичкиот кодекс на Албанците - Беса, како етно-психолошка координата што се провлекува низ целата фабула на филмот.
Дејствието се одвива во албанско планинско село. Илир, млад Албанец од Македонија, кој емигрирал во Франција, одлучил да се ожени со Французинка по име Сабине. Поради правни прашања (Илир влегол во Франција со лажна виза), мора да се врати во родното село за да се ожени.
Ова, меѓудругото изгледа како одлична можност да го види своето семејство повторно по седум години отсуство и Сабине да дознае повеќе за неговите корени. Меѓутоа, нивната неочекувана посета добива неочекуван пресврт кога таткото на Илир, верен на традицијата, дознава дека неговиот син се вратил само за да се ожени со туѓа крв, а потоа да замине, прекршувајќи го заветот (бесата) што претходно и го дал на девојката по име Барда (Bardha), која е соселанка на Илир.
Филмот, ако го определиме жанровски, претставува и семејна драма која ги третира противречностите меѓу западната и албанската култура, кои предизвикуваат и комични ситуации.
Во филмската нарација ја откриваме безизлезноста на главниот лик, но, истовремено, нѐ тера да ги видиме и другите животи околу него. На таткото на Илир, на мајката, на другарите од младоста итн.
Но, и отуѓувањето како и можноста да го спознаеме прашањето на „внатрешниот странец“, кое е отворено од страна на странецот и кое одвнатре го разурнува. Чувството за местоположба и припадноста, изградено во преодот кој настанал заедно со миграцијата, во филмската нарација добива облик и цел, кои немаат сјаен крај. Миграцијата, во основа, е еден вид „меѓусостојба“. Чувството на немање корени на мигрантот е чувство дека е останат помеѓу минатото, изгубено помеѓу различните светови и нецелосно интегрираната сегашност.
Напишано од Арсим Љесковица
Автори:
Други соработници :
Втор асс. на режија: Дурим Круезиу
Трет асс. на режија: Рита Красниќи
Кореографија на ора: Бурхан Салиху и Надире Исмаили-Салиху
Координатор на статисти: Небојша Јовановик
Сценарио (адаптација на дијалози): Иса Ќосја
Организатор на продукција: Елена Станишева
Менаџер на локации: Горан Ацевски
Секретар на продукција: Биљјана Павловска
Асс. на продукција: Богдан Јончевски, Милан Павловски
Фокус на објективот: Фејми Даут
Фар масјтор: Игор Трпчевски
Асс. фар мајстор: Кире Милутиновски и Горан Костов
Шминка: Златица Димитриевска
Асс. на шминка: Ѓулфери Качаревик
Оператори на звук: Дарко Бошковски и Дејан Михајловски
Дизајнер на звук: Игор Поповски
Постпродукција на звук: Audiohaus
Монтажа и дизајн на музика: Грег Малцанги
Други улоги: Делфин Депардје, Венера Љумани (пее во оф-тон), Хамди Рашити, Елхаме Биљал, Авдулах Ѓикокај (пее во оф-тон), Шота Бараљиу, Музафер Етеми, Фљерентина Адеми, Доника Ахмети, Надире Исмаили Салиху, Мустафа Хоџа, Енвер Хаљими, Агим Сулејмани, Сокољ Абдули, Шпетим Рушити, Таулант Дестани, Блерим Абдули, Рамадан Малај, Абдурахман Рахман, Шкуп Абдули, Јон Саќипи, Арб Абдули, Рон Грајќевски, Бурханедин Салиху, Метуш Аѓани
Во филмот учествува Културно уметничко друштво „Каршиака“.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Кинематографскиот центар на Косово.