Производство: Н.У. Музеј Куманово ; ТВ ПЛУС
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: Етнолошки
Род: Аматерски филм
Времетраење: 20,25 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2020
Содржина: Документарен филм за пет цркви во кумановскиот регион, во кои освен христијански, има и ориентални и ерменски симболи. Станува збор за црквите: „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во с. Нагоричане, „Св. Никола“ во с. Стрезовце, црквата посветена на Св. Дух во с. Добрача, манастирот „Карпино“ со црквата „Воведение на Богородица“ и „Св. Ѓорѓија“ во с. Жегљане.
Црквата „Св.Ѓорѓи Победоносец“ во село Младо Нагоричане е трокорабна базилика од 16 век, градена во византиски стил. Стариот живопис во црквата е од 16 век, додека новиот од 1872 година. Конзервирана од Музеј на Куманово во 1999 и 2008 година. Во село Стрезовце се наоѓа црквата „Св.Никола“, трокорабна базилика изградена и живописана во 1606 година, на темели на стара црква. Конзервирана е во 1994 и 1999 година. Прогласена е за културно богатство на Македонија. Во село Добрача е сместена црквата посветена на Светиот Дух, наречена „Св.Троица“. Црквата е од почетокот на 17 век, видоизменета е во 1931 година. Крапинскиот манастир или „Воведение на Пресвета Богородица“ е манастирски комплекс од 14 век. Во близина на село Орах. Манастирската црква е изградена од камени блокови во форма на триконхос. Во црквата се забележуваат два слоја на живопис. Манастирот е познат по богатиот монашки живот во минатото, со над 300 монаси, како и по позната препишувачка школа и по ќелијното училиште. Во село Жегљане се наоѓа црквата „Св.Ѓорѓи“ од 16 век. Црквата е во правоаголна форма, градена од камени блокови со камена декорација, со иконостас од 1860 и со фрескоживопис од 1877 година. Како и во претходните цркви и тука се забележува влијанието на ориенталното и ерменското градење.
Автори:
Музика: Марјан Јанкоски
Наратор: Драган Ивановски