< Назад

Неколку цркви од кумановско со царски двери во резба

Производство: Н.У. Музеј Куманово ; ТВ ПЛУС - Куманово

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: репортажа

Род: Аматерски филм

Времетраење: 23 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2022

Содржина: Во 18 век, во црквите во кумановско, започнува правец во изградба на царските двери во резба. Иконостасите се во резба, со мотиви на флора и фауна (човечки фигури, винова лоза, животни и сл.) а некои се и позлатени. Таков пример се црквите во кумановско–осоговската епархија: СВ.БОГОРОДИЦА, СВ.НИКОЛА, СВ.ИЛИЈА, СВ.АТАНАСИЕ и други.
Црквата „Св.Богородица“ во село Пчиња е од поствизантискиот период. Таа е еднокорабна, со правоаголна форма. Изградена е 1868-1869 година, живописана од Коста Крстев.
„Св.Никола“ во с. Винце е црква од османлискиот период, со живопис од 1854 година. Престолните икони се дело на Коста Крстев. Денешниот изглед на црквата е од 1845 година, обновена на темелите на постара црква.
„Св.Илија“ во с. Живиње е еднокорабна цркав со правоаголна основа. Живописана е во 1886 година од познатите мајстори: Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов.
Црквата „Св.Никола“ во с. К’шање, градена е во правоаголна форма во 1884. Живописот е од Петар Николов од Велес, препознатлив по волуменозните слики на светителите.
Во село Кокошиње се наоќа црквата „Св.Атанасиј“ од 1842 година. Цркват е со трокорабна градба, живописана во 1886 година од Димитар Папрадишки и Петар Николов.

Награди: 2022, 30-ти ИФАДФ „Камера 300“, Битола, Специјална плакета за трајни вредности

Автори:


Музика: Летка Димовска Полизова
Наратор: Драган Ивановски

Благодарност до г.Григориј, митрополит Кумановско-осоговски

Фотографии: