Производство: Интернационал Драма Студио
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: документарен
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 29 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2005
Содржина: Телевизиска емисија за видео уметноста како уметничка форма во која електронски слика е основен елемент. За почетоците и што претставува оваа уметност зборуваат: Катица Трајковска-новинар, Александар Станковски-ликовен уметник, Златко Трајковски-уметник, Сузана Милевска-куратор, Жанета Вангели-уметник, Ирена Паскали-уметник и Денис Сарагиновски-уметник. За пионир на видео артот се смета јужно корејскиот уметник Нам-џун Пајк. Во 1963 год.е одржана неговата прва изложба „Музика и електронска телевизија“. Прикажани се исечоци од од дела на македонски арт уметници:„Потоа“ на Драган Абјаниќ, „Порта“ и „Документарен филм за Владимир Антонов“ на Жанета Вангели, „Помеѓу“ на Ирена Паскали, „Што правиш кога не знаеш што да правиш“ на Денис Сарагиновски и др.
Автори:
Музика на крајната шпица: Александор Ников
Пост-продукција: Македонска Крепост
Учествуваат: Сузана Милевска, Катица Трајковска, Александар Станковски, Жанета Вангели, Зоран Трајковски, Ирена Паскали, Денис Сарагиновски