Производство: Партизанс
Земја на потекло: Р. Македонија
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 41 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2006
Содржина: Монтажен документарец, во кој е направен обид на немите снимки да им се дада иронично поместени слики на балканската историја. Во овој персифлажен играно документарен филм прикажан е филмскиот опус на браќата Манаки, во период од 1905 до 1925 година, првите балкански кинематографери. Користени се инсерти од следните играни и документарни филмови: „Влегување на возот во станицата Ла Сиота“, „Појадок на бебето“ и „Полиениот поливач“ од браќата Луј и Огист Лимиер; „Патување на месечината“ од Жорж Мелиес; воени филмски журнали на германската, австро-унгарската и српската армија во Македонија 1914-1918, „Човек со камера“ од Ѕига Вертов; „Октомври“ од Сергеј Ејзенштајн; „Триумф на вољата„ од Лени фон Рифенштал; „Солунски атентатори“ од Жика Митровиќ; „Ново кино парадизо“ од Џузепе Торнаторе; ТВ спот на Битлси од 1963; Настап на Елвис Присли во шоуто на Ед Саливан; документарен запис од атентатот на Кенеди.
Автори:
Други соработници :
Осверлител -- Јовица Саздовски
Монтажер -- Дејан Бешковиќ
Гласовите ги позајмија -- Софија Насевска, Ангелка Арсова и Јован Ристовски
Проектот „По повод Манаки“ е посветен на стогодишнината на македонската кинематографија