Производство: Дом на хуманоста и музеј на музиката „Есма и Стево Теодосиевски“
Земја на потекло: Р. Македонија
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 57 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2000
Содржина: Играно-документарен филм за Мери Тереза Бојаџиу, позната како Мајка Тереза (Скопје, 1910 – Калкута, 1997), католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и прогласена за светица во католичката црква. Млада новинарка (Валентина Божиновска), истражува за животот и делото на Мајка Тереза. Филмот почнува во Скопје, каде е родена Мајка Тереза а завршува во Калкута, каде умира на 87 години. Изобилува со архивски снимки и фотографии од важни настани поврзани со делата на Мајка Тереза. Целиот свој живот оваа жена им го посветила на сиромашните и болните, несебично давјќи им ја својата љубов. Соговорници на новинарката во филмот се: отец Антонио Церимотиќ, Славка Стојановска, Дрона Секуловска, Бранко Михајловски, митрополит г.Кирил и Есма Реџепова.
Автори:
Соработници на сценарио: Весна Георгивска и Ели Танаскова
Продуцент: Ѓоко Гешовски
Светло: Ѓоко Симоновски
Монтажа: Бане Поповиќ
Учествуваат: Валентина Божиновска, отец Антон Церимотиќ, Славка Стојановска, Дрона Секуловска, Бранко Михајловски, митрополит г.Кирил, Есма Реџепова-Теодосиевска