< Назад

Национална галерија - национална гордост

Производство: Македонска крепост

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 31 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2002

Содржина: Приказ на Даут пашин амам, историја на објектот, за што бил наменет во минатота и пренамената во Национална ликовна галерија. Пркажани се сите простории во галеријата.
Првата галерија им е отстапена на иконописците, инспирирани од библиските сцени. Втората галерија е наменета за ликовни дела од крајот на 19 и почеток на 20 век. Тука се овековечени трагичните настани во Македонија, како и портрети и пејсажи на Папрадишки, Зографски и Шкодреану.
Во Третата галерија се делата на модерниот современ израз на авторите: Мартиновски, Личеновски, Тодоровски и др. Потоа следуваат делата на: Владимирски, Коџоман, Мазев, Корубин, Митриќески и други.
Модернистичките и постмодернистичките дела на Мазев, Кондовски, Шијак, Гуте, Карадаре, Грабул, Шемов, Киро Урдин, се во последната сала.

Автори:


Текст: Љубе Цветановски