< Назад

Палјачи

Производство: ТВ СТАР - Штип

Земја на потекло: Р. Македонија

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 52 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2007

Содржина: Играно документарен филм според вистинит настан, за почетоците на театарот во Штип. Темелите на штипскиот театар ги удриле даскалите Гоце Делчев и Даме Груев. Тие приредувале театарски претстави по завршувањето на учебната година. Во 1923 година, гимназискиот професор Душан Будимировиќ го формира штипското театарско друштво. На репертоарот е претставата „Тартиф“. Изведена е и првата оперска претстава „Палјачи“, на Р. Леонкавало. Таа воедно е и првата оперска претстава во Македонија. Во текот на војната театарската активност ја преземаат бугарите.

Автори:


Наративен текст: Јани Бојаџи
Наратор: Ѓорѓи Калајџиев
Играа: Владимир Тулиев, Раде Рогожаров, Лазар Атанасов и Драган Механџиски