< Назад

Кирил и Методиј

Производство: Вардар филм - Скопје

Род: Документарен филм

Времетраење: 16 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1970

Содржина: Филмска сторија за животот и делото на словенските просветители, создавачите на кирилицата, браќата солунци, Констанин Кирил-филозофот и Методиј, кои со неколку ученици ги преведуваат богослужбените книги на јазикот на македонските Словени од Солунско. Прикажан е нивниот пат на кој се упатиле со цел да го шират христијанството на словенски јазик. На пат тргнуваат од Цариград. Потоа, преку Моравија, прикажана е географска карта на која се гледаат териториите на: Бугарите, Унгарите, Словените, моравските Словаци, на Србите и на Германите. Тие стигнуваат до Венеција. Од овој град, на покана од римскиот папа Никола, браќата доаѓаат во Рим, каде што ги пречекал апостолскиот намесник Адријан II „со сите римјани, носејќи свеќи во рацете и пеејќи пофални песни, минувајќи го Тибар преку најстариот мост“. Во црквата Св. Марија, папата Никола ги осветил словенските книги и пеел над нив света литургија. На 14 февруари 6377 година по стариот црковен календар (869 год.), на 42-годишна возраст, умира Кирил во манастирот Св. Прокседа. Кирил е погребан во базиликата Св. Климент во Рим. Во 885 година, по смртта на Методиј, нивните ученици биле прогонети и раштркани низ цела Европа. Преку икони, фрески, книги и др., веќе 11 века се слават словенските учители.

Автори:

Асистент снимател: Салковски Драган
Организатор на снимање: Теофиловски Ристо - Риџвеј

Други соработници:

текст -- Харалампие Поленаковиќ
избор на музика -- Милка Герасимова
текстот го чита -- Миле Попов

Фотографии: