< Назад

Среќно

Производство: ТВ Сител - Скопје

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 28 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година:

Содржина: Во овој телевизиски документарен филм се зборува за рудникот „Злетово“ и околниот регион. Според наратор во оф-тон, се вели дека во минатото, злетовскиот регион го треселе вулкани со своите ерупции, создавајќи огромни кратери од кои потекувала лава. Денес, длабоко под површината на земјата е мирно, а на површината карпи кои настанале во различни временски периоди, од различни вулкански активности.
Нараторот во оф-тон ги нагласува во детали хемиските состави на карпите, класификацијата, именувањата и нивниот изглед. Потоа, нарацијата е поделена на неколку меѓунаслови, кои објаснуваат за долгата историја на злетовскиот регион. На пример, на екранот се појавува: „Втор век од нашата ера“, а преку архивски материјали, музејски артефакти, документи и коментар на наратор во оф-тон, се заокружуваат темите во овие меѓунаслови.
Овој начин на раскажување за рудникот Злетово следи до крајот на овој телевизиски документарец. Нарацијата се протега од раните времиња, до Османлиското Царство, потоа Првата и Втората светска војна, Југословенскиот период, и состојбата во денешно време.
Во секвенците на крајот од документарниот филм, се  прикажуваат и неколку исечоци од секојдневниот живот на рударите, проследени, исто така, со коментар на наратор во оф-тон.

Автори:

Продуцент: Сеизов Тасе
Директор на фотографија: Кардалевски Дуле

Наратор: Љубиша Ристевски