Производство: ТВ Арт - Тетово
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 44 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2000
Содржина: Оваа документарна емисија претставува биографски и културно-историски портрет на еден од најзначајните албански интелектуалци и истражувачи на културното и духовното наследство на Албанците во Македонија и пошироко на Балканот, поетот Рамадан Синани. Програмата го следи животниот и професионалниот пат на Рамадан Синани — неговото образование, научната и публицистичка дејност, како и неговото ангажирање во проучувањето на албанската книжевност, архивистика и исламска духовна традиција. Преку интервјуа, архивски снимки и сведоштва од колеги и современици, прикажаn e неговиот придонес во афирмацијата на албанската култура, заштитата на културното наследство и дијалогот меѓу различните етнички и верски заедници.
Роден е во Тетово во 1944 година. Основно и средно образование завршил во Тетово, потоа следел студии по албански јазик и книжевност на Универзитетот во Белград. Првата поезија ја напишал за време на гимназиското образование, посветена на албанците кои се преселувале во Турција. Кариерата ја продолжил со пишување поезија, рецитирање и преведување.
Рамадан Синани оставил длабоки траги во образовната, културната и политичката сфера. Освен интервју со Р. Синани и неговите современици, фотографии од неговото детство, инсерти од позначајни објекти во Тетово, природата и неколку сокаци на градот Тетово, во емисијата има и наратор во оф-тон, кој кажува негови стихови.
Автори: