Производство: ТВ Кисс - Тетово
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 40 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 1999
Содржина: Документарна програма за тетовското кале Белтепе (меден рид), кое се наоѓа на 2 км од Тетово и претставува богато археолошко наоѓалиште. За Белтепе зборува Велимир Цветановски, директор на Музејот на тетовскиот крај. Градењето на калето траело дваесет години, почнувајќи од 1795 година, од страна на Реџеп Паша. Градбата е од кршен камен, бигор и јајца. Во состав на калето се наоќаат: сарај, машка и женска бања, затвор, мал гарнизон за војници и други објекти. Некарактеристично за овој објект е што има црква, тоа е малата црква „Св.Атанасиј“. Балтепе е прогласен за споменик на културата, заштитен со закон и е во многу лоша состојба.
Автори:
Текстот го читаше: Данијела Војновска
Тон: Сашо Серафимовски
Уредник: Тоше Јанев
Директор: Злате Тодоровски