Производство: ТВ Калтрина - Струга
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 40 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Старата градска архитектура е моја силна ликовна преокупација. Таа изумира а мене отсекогаш ме влечела со својата богата архитектура на боите пред кои човек не може да остане индиферентен, незаинтересиран. Никогаш не сум зажалил за едно вистинско утрешно време со една ваква преокупација“ - Вангел Коџоман
Додека нараторот, во оф-тон, го чита горенаведениот текст на ликовниот ументик Вангел Коџоман (основоположник на македонското современо сликарство), се прикажуваат архивски фотографии (црно-бели) и документи од градовите Струга и Охрид.
Нараторот зборува, во детали, за ликот и делото на Вангел Коџоман. Се раскажува за неговото детство, за образованието што го стекнал во Охрид и во Белград, како и анализата на неговите ликовни дела, и посебно старата градска архитектура, која според В. Коџоман го содржи целиот спектар на бои. И овој дел од документарната нарација е пропратена со приказ на многу слики од опусот на Коџоман.
Неговата сликарска активност започнува од 1929 година и негува свој препознатлив и посебен стил, кој ќе го зачува до крајот на својот живот.
Автори:
Осветлување: Артан Мена
Наратор: Никола Шутиноски