Производство: ТВ Жупа - Дебар
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2003
Содржина: Во оваа документарна емисија се обработува темата за инвалидите кои настрадале од експлозивни направи по Втората светска војна. Еден од настраданите е и Џило Мустафоски од село Броштица. Џило Мустафоски има шеесет години, ги изгубил очите и раката на десетгодишна возраст. Кобниот момент настанал кога ја пронашол италијанската бомба во еден sид од куќа и се обидол да ја отвори без да размисли за трајните последици по неговиот живот.
Поголемиот дел од емисијата се состои од интервју со настраданото лице и соселаните на Џило. Во интервјуто се запознаваме во подробности за неговиот живот по кобниот настан. Работел како телефонист, а во постари години чувал добиток во неговото село.
Џило Мустафоски е почитуван во своето село. По смртта на неговиот брат, тој се грижи за неговите шест деца, со инвалидската пензија и помошта на соселаните.
Тој е и голем лубител на музика и поседува талент за пеење. Четсо пеел по свадби и други веселби во селото. Документарната емисија завршува со приказ на Џило кој пее македонска изворна песна, покрај селската река.
Автори: