Производство: ТВ Орбис - Битола
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: Серија за деца
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 17; 18; 19; 23 и 17 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2006
Содржина: Играна серија за деца, од 5 епизоди: ЖЕД ЗА ВОДА, ЛЕБ СО КВАС ОД ЛЕБ, ВО СЕЛСКИОТ ДВОР, ВИЗБА БОЧВАРНИЦА и ВОДЕНИЦА. Серијата е од едукативен карактер. Dвете дечиња Маре и Даре, со прошетка во природа и посета на рурални средини, се забавуваат, играат и учат.
Првата епизода е со наслов ЖЕД ЗА ВОДА. Маре и Даре разговараат и воедно покажуваат како се вади вода од бунар и полнат вода од селската чешма. Играат игра „лета-лета“ и „прстен во брашно“ и го разјаснуваат значењето на народната поговорка „Во едно уво влезе, од другото излезе“.
ЛЕБ СО КВАС ОД ЛЕБ е насловот на втората епизода, снимена во с.Трновци, во околината на Битола. Даре и Маре се на гости кај тетка Стојна. Учат и учествуваат во процесот на правење леб, со квас од леб. Прикажано е како се замесува лебот, се става квас од леб, тестото стасува и се пече во фурна на дрва.
Во третата епизод, ВО СЕЛСКИОТ ДВОР, Маре и Даре се во еден двор на село. Тие ги гледаат кокошките како си колваат, ги хранат кокошките и го посетуваат кокошарникот. Потоа одат кај прасето и го хранат со зелка. Ја бараат кравата во шталата и не ја наоѓаат. Таа си пасе на ливадата. Децата го кажуваат значењето на поговорката „Кој носи, не проси“.
Четвртата епизода ВИЗБА БОЧВАРНИЦА е снимена во битолското село Логоварди. Маре и Даре се во визбата на чичко Ѓорѓи. Ги разгледуваат бочвите, бурињата и се друго што се наоѓа во визбата. Потоа одат на нива, каде берат компири, морков и зелка.
Последната епизода е ВОДЕНИЦА. Маре и Даре го разгледуваат рибникот а потоа одат во воденицата на чичко Бонде, воденичар од с.Биково. Во воденицата, прикажан е целиот процес на добивање брашно.
Автори:
Играат: Евфенија Трајковска и Марио Матео Филевски
3Д анимација: Леон Георгиевски