Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Жанр: репортажа
Род: Журнал
Времетраење: 1,23 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1949
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ /
Нецелосен прилог без тон, од изложба на средновековната уметност на македонскиот народ, во Скопје. Кадри од ентериер на уметничка галерија, во која посетителите ги разгледуваат изложените копии на фрески, икони и резбарски работи. Во крупен план прикажани се „Свети Климент“ - икона од 17 век и „Плачот на Рахила“ – копија на фреска од XIV век од Марков манастир во с. Сушица, Скопје. Следуваат кадри со фрагменти, најверојатно, од иконостасот на црквата Свети Спас во Скопје и изрезбана влезна врата на манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, Демирхисарско, од 15 век. На крајот од прилогот посетители разгледуваат макети на црква и манастир.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: