< Назад

Грло и коска - 25 години транзиција

Производство: Ин Ваго - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: документарен серијал

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 60; 55: 55: 55: 57: 58: 55: 56: 59: 55: 56: 49: минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2007-2013

Содржина: Документарна серија во дванаесет епизоди, во која е опфатен периодот од деведесеттите години на 20 век во Македонија. Прикажани се збиднувањата на политички и економски план во Македонија, по распадот на СФРЈ. Серијалот изобилува со богат архивски материјал и многубројни интервјуа. Соговорници на новинарот Александар Чомовски се политичари, новинари, бизнисмени, економисти, писатели и уметници од Македонија и соседните држави.

СТАРТ НА ПРИВАТИЗАЦИЈА е насловот на првата епизода од серијалот во која се зборува за промените на економскиот и политичкиот систем на СФРЈ. Во времето на последниот премиер, Анте Марковиќ, спроведени се реформи за приватизација на државните фирми во приватна сопственост. Кон крајот на 1989 година, пред распадот на Југославија, во сите републики кои се во состав на СФРЈ, се спроведуваат промени, некаде тоа оди полесно, некаде потешко. Воведена е парламентарна демократија. Мислењата за овие реформи се поделени. За ова зборуваат истакнати политичари, новинари, уметници и бизнисмени: Александар Чомовски, Никола Кљусев, Саво Цветковиќ, Живко Прегл, Горазд Росоклија, Абдулменаф Беџети, Тито Беличанец, Горан Рафајловски, Митја Гаспари, Бранко Азески, Свето Јаневски, Мирољуб Шукаров, Радмила Шеќеринска, Љубчо Георгиевски, Сенко Велинов, Јордан Плевнеш, Верица Хаџивасилевиќ и други.

ДЕНАР-ПРВИ ИЗБОРИ, втора епизода во која е прикажано: прогласувањето на првата македонска парична единица ДЕНАР, во Собранието од страна на Никола Кљусев, задоволи и помалку задоволни истакнати личности инволвирани во процесот на приватизација и поранешни работници, вработени во фабрики кои стасале до просјачи стап и бараат храна по контејнери. Плеада на политичари, новинари, бизнисмени, професори, финансиски консултанти и актери зборуваат на оваа тема. Секој од свој агол објаснува како се одвивала приватизацијата од државна во приватна сопственост. За некои тоа бил вистинскиот модел за успешна држава, за други процес со многу пропусти. Во оваа епизода новинарот Александар Чомовски води разговори со: Никола Кљусев, Љубе Трпевски, Љубчо Георгиевски, Стојан Андов, Јане Миљовски, Ерол Ризаов, Тодор Пендаров, Марјан Мрак, Мирољуб Шукаров, Шефкет Идризи, Орце Камчев, Павле Трајанов, Џевдет Хајредини, Пецо Ристовски и други.

Во третата епизода, КОНЦЕПТ НА ПРИВАТИЗАЦИЈА, опфатен е период од 1992г. до 1997г. Епизодата започнува со прогласување на недоверба на тогашната Влада на Р.Македонија во Собранието. Политичарите зборуваат за монетарното осамостојување со празна каса и долгови, за немањето услови да се одржи првата Влада, неповолниот момент за приватизација, шверцот со нафта, бакар и други метали, прогласување на Владата на Бранко Црвенковски. Завршува со прогласување на стечај на повеќе фабрики, своевремено индустриски гиганти и оставање на илјадници работници без егзистенција. Учесници, соговорници во оваа епизода се: Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Џевдет Хајредини, Марјан Ѓорчев, Живко Радевски, Јане Миљоски, Слободан Кутревски, Шевкет Идризи, Владимир Милчин. Финансиски консулатанти и новинари од странство: Боштај Васле, Иван Маричек, Иван Крстев, Весна Џиниќ и Милош Васиќ, како и учесници во приватизацијата и стечајни работници.

ШВЕРЦ И ОЛИГАРСИ е насловот на четвртата епизода. Опфатен е периодот од почетокот на деведесетите години, за време на воведувањетето на санкции кон Србија и атентатот на Киро Глигоров-председател на Македонија. Во овој период се шверцуваат нафта и цигари преку границата на Македонија. Времето било погодно за создавање олигарси од македонска и српска страна, додека обичниот народ станувал се посиромашен. На овие тема зборуваат: Павле Трајанов, Никола Груевски, Благој Стојчев, Стојан Андов, Ристо Иванов, Милош Васиќ, Киро Глигоров, Никола Младенов, Мирка Велиновска, Свето Јаневски, Ристо Галевски, Слободан Кутревски, Данило Шуковиќ, Јане Миљоски, Благој Стојчев, Георги Лозанов, Ристо Гуштеров, Орце Камчев и др.

ШУТУРКОВ, СМИЛЕНСКИ, НАКОВ....Во петата епизода се зборува за шверцот со цигари и кршење на ембаргото од страна на големите фирми. Со посебен осврт на три имиња. Најпрвин Данчо Шутурков, заменик директор на „Македонија Табак“. Го нарекуваат „кралот на тутунот“ и „главниот шеф на јужниот канал за шверц со цигари“. Потоа Методија Смиленски, бизнисмен со голем број фирми и банки и Штерјо Наков, директор и сопственик на „Фершпед“. За незаконското работење и носење цигари со двојни фактури од Македонија кон Србија, зборуваат: Љубчо Георгиевски, Станко Суботиќ, Стојан Андов, Никола Кљусев, Милош Васиќ, Павле Трајанов, Борис Стојменов, Ристо Гуштеров, Зоран Божиновски, Љубе Трпевски, Ванчо Пеловски, Никола Младенов, Слаѓана Тасева, Мирољуб Шукаров и др.

БАНКИ И ТАТ е шеста епизода за важноста на „Стопанска банка“ во политичките одлуки, во инвестирањето и делење пари во економијата, за де се одложат штрајкови и немири. За тоа како банките стануваат големи моќници во Македонија, зборуваат: Петар Гошев, Никола Кљусев, Владимир Филиповски, Тито Беличанец, Ристо Иванов, Ристо Гуштеров, Борис Стојменов и др. За банките во Словенија, зборуваат: Митја Гаспари, Матија Ројец, Марјан Кромбер, Живко Прегл и др. Соња Николова, зборува за штедилницата ТАТ.

АМНЕСТИЈА, ВАУЧЕРИЗАМ, ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА Седмата епизода е за Македонија како перална на пари, за бизнисмените од поранешнита Југославија како даночни престапници, за изнесување на капитал од Македонија и за враќање на имотот на поранешните сопственици со денационализацијата. На овие теми зборуваат: Маријан Ѓорчев, Љубчо Георгиевски, Горан Трајковски, Минчо Јорданов, Слаѓана Тасева, Ристо Галевски, Никола Младенов, Стефан Шапчевски, Марика Трајкова, Митја Гаспари, Димитар Мирчев, Тито Беличанец, Ненад Јанаќиевиќ, Георги Лозанов, Зоран Ќука и други.

СОЦИЈАЛА Прикажан е штрајкот на стечајните работници, кои деноноќно се надвор пред Собранието на Македонија. Со нив разговара новинарот Чомовски. Тие се жртви на неразумната политика на приватизацијата. Други соговорници се: Никола Кљусев, Радмила Шеќеринска, Иљо Трајковски, Ристо Галевски, Љубчо Георгиевски, Дарко Панчев и други. Секој од соговорниците со свои гледишта за приватизацијата на големите фирми во државата.

АКЦИОНЕРИ И БЕРЗА е насловот на деветтата епизода. На почетокот се зборува за работата на акционерските друштва, појавата на организиран криминал, со цел да се уништат фирмите и да се остават акционерите на улица. На оваа тема зборуваат: Љубица Рубин, Свето Јаневски, Тито Беличанец, Марјан Бојаџиев, Лидија Зорба, Бранко Азески, Минчо Јорданов и др. Вториот дел е за работата на берзите и вреднување на капиталот на компаниите кои тргуваат на берзите. Зборуваат: Стефан Шапчевски, Живло Прегл, Стојан Андов, Орце Камчев, Љубомир Кекеновски, Љупчо Мешков, Горазд Росоклија, Слаѓана Тасева и др.

ОКТА-ТЕЛЕКОМ-ЕСМ е десеттата епизода од серијалот и е за приватизацијата на фирмите во Македонија. Како и во претходните епизоди, така и овде мислењата се поделени. Соговорници кои зборуваат на оваа тема се: Љубчо Кекеновски, Слаѓана Тасева, Никола Младенов, Марјан Ѓорчев, Горан Коевски, Оливера Китановска, Симон Груевски, Весна Џиниќ, Марјан Мрак, Бранко Црвенковски, Минчо Јорданов, Флорин Абази и др.

Темата за СУДСТВО И РЕВИЗИЈА е разработена во единаесеттата епизода. Гости соговорници се исти како и во претходните епизоди.

ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ И МЕДИУМИ е насловот на последната епизода од серијалот. Се зборува за тоа дали во македонија постојат интелектуалци во медиумите. Повеќето од соговорниците се согласуваат дека интелектуалци нема, бидејќи се во служба на власта. Соговорници се: Арна Шијак, Дарко Марковиќ, Јордан Плевнеш, Сенко Велинов, Блаже Миновски, Александар Станковски, Зоран Божиновски, Миленко Неделковски и др. Епизодата завршува со сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов.

Автори:


Финансирано од СРД