< Назад

101 улога

Производство: Еклипс 92

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: биографски

Род: Документарен филм

Времетраење: 80 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2021

Содржина: Долгометражен играно документарен филм за актерот Бајруш Мјаку, роден 1952 година во с.Ѓурѓевдол. На девет години Бајруш со семејствотото се сели во Качаник (Косово). Средно училиште завршил во Скопје а Педагошки факултет во Приштина. Бајруш се сеќава на првата понуда за вработување, како наставник по ликовно во с.Бичевац, од страна на Општинскиот Комитет. Иако се побунил дека не е стручен за таа работа, бидејќи има завршено драмска уметност на Педагошкиот факултет, му кажале „уметност едното, уметност другото“. По оваа случка, се качил на автобус и оди да живее и работи во Скопје. Како самиот вели „семејството го жртвувал за професијата“. Во 1973 год. се вработува во Албанската драма на Театарот на народностите. Оттогаш почнува неговата успешна кариера како актер. Во 1977г. со сопругата Бениџе, ја добиваат ќерката Мајлинда. Се пензионира 2017г. но, не престанува да работи. Успеси ниже со главни и впечатливи улоги во театарски претстави и филмови во Македонија и во странство. За неговата големината како човек и актер, зборуваат негови колеги и членови на семејството: Луан Старова, Агим Сопи, Фадил Хисеј, Јентон Незириј, Арбен Барјактари, Рахим Бурхан, Јелена Лужина, Слободан Унковски, Јосиф Папаѓони, Алиса Николскаја, Алона Карас, Пјер Ватин, Мелинда Мјаку-Салиу, Бениџе Мјаку и многу други.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Актерска екипа:
Детето – Амар Шапка
Докторот- Блерим Дардишта
Дактилографка – Линда Саити
Инспектор – Ментор Курти
Иследник 1 – Енес Деари
Иследник 2 – Ибрахим Џемаили
Анимации: Горан Чаневски
Преводи: македонски – Бесфорд Идризи, англиски – Башким Адеми

Фотографии: