Производство: Лавиринт Продукција
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 26 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2017
Содржина: Филмот ги обработува фреските во македонските цркви, кои се предвесници на ренесансата. Посебен осврт е даден на средновековните цркви: „Св.Пантелејмон“ во Горно Нерези и „Св. Ѓорѓи“ во с.Курбиново. Двеста години пред да започне ренесансата во Италија, започнува ренесансата во Македонија, со фреските на познатите мајстори Михаил и Евтехиј. Споредувајќи ја фреската „Оплакување Христово“ на Џото ди Бондоне, кој се смета за предвесник на ренесансата и истата фреска на Михаил и Евтехиј, се забележува голема сличност во психолошката анализа на ликовите. За значењето на фреските во македонските цркви од крајот на 11 и почетокот на 12 век зборуваат: г.Пимен - Владика во Европската епархија МПЦ-ОА, Цветан Грозданов - академик, Жарко Брњарчевски - теолог, Венко Цветков - фрско сликар и Митко Ристов.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Наратор: Елизабета Стефановаска
Музика: Божествена литургија Св.Јован Златоуст, Јован Хармосин Охридски - Божиќен тропар