< Назад

Филмски новости бр.39/50

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Жанр: репортажа

Род: Журнал

Времетраење: 1,18 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1950

Содржина: ПРИЛОГ 1 - СВЕДОЦИ НА ВИСТИНАТА /
Кратка нецелосна репортажа за бегалците од Албанија и Бугарија во ФНРЈ, односно во Народна Република Македонија за време на Информбирото. Меѓу бегалците од режимот на Енвер Хоџа од Албанија, е Риза Чок, со 11 членови на неговото семејство. Од среден преку неколку крупни планови прикажан е старецот Риза Чок и неговото семејство. Заштита од последиците на режимот побарал и Метуш Бејрула, во крупен план, војник - граничар од Албанија, кој се вработува во „Црвена ѕвезда“ кај Штип. Вангел Мичев, бегалец од Бугарија, го изучува занаетот и се вработува во МЗ Тито како квалификуван работник. Вангел Мичев во средно крупен план стои покрај машина во МЗТ. Неколку бегалски семејства од Бугарија се вселуваат во нови станови на земјоделско земјиште „Цветан Димов“ во Струмица. Нараторот наведува три семејства на бегалците од Бугарија, кои се вселуваат во новите станови: Асен Анастасов, Ефрем Василев и Никола Ризов.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:


Фотографии: