< Назад

Човекот со две лица

Производство: Авард Филм и Видео

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: биографски

Род: Документарен филм

Времетраење: 69 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2021

Содржина: Документарен филм за поетот Венко Марковски, ( Скопје, 1915 - Софија, 1988). Членови од потесното семејство, колеги поети, соборци и историчари зборуваат за неговиот тежок живот и големо дело. Тој е еден од главните создавачи на современата македонска литература, учесник во НОБ и АСНОМ, творец на првата опера на македонски јазик „Гоце“ и партизанската песна „Во борба, во борба македонски народе“. За време на Информбирото, се определува за Сталин, против Тито и Лазар Колишевски. Отогаш почнува голготата на Венко и на неговато семејство. Политички прогонуван, нарекуван е провокатор и фашист. Во 1956 год., за својата поема „Современи парадокси“, осуден е на 5 години затвор на Голи оток. Животот го продолжува во Бугарија каде твори на бугарски јазик. Во Македонија е осудуван, бидејќи ги погазил своите идеали со преземање туѓа националност. Во филмот се испреплетени емотивни приказни на сопругата Филимена, ќерката Султана и внукот Вени Марковски. За придонесот и значењето на Венко Марковски за македонската држава и лиература зборуваат: Трајко Стаматовски, акад. Ѓорѓи Филиповски, акад.Блаже Ристовски, акад.Богомил Ѓузел, Наум Кајчев, Данило Коцевски, Бранко Цветковски, Миле Наумовски, Томе Писиевски, Предраг Димитровски и Новица Велјановски.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Останати соработници :
Интерпретација на поезија: Андреј Серафимовски
Асистент на камера и дрон оператор: Антони Стоев
Втор асистент на камера: Лора Мушева
Снимател на интервјуа во Македонија: Горан Наумовски
Светло: Про лајт

Фотографии: