Производство: СД Продукција, МРТ
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: Драма
Род: Игран филм
Времетраење: 86 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2015
Содржина: Филмот ја раскажува приказната за двајцата другари Горди (Диме Илиев) и Арно (Сенко Велинов).
Горди е човек кој го почитува законот. Бара начин да се обезбеди за староста и да обезбеди егзистенција за својата ќерка Александра. Арно, некогашен легионер, е човек без закон и вера.
Но, работите се менуваат кога во „игра влегуваат“ многу пари. Горди не е толку чесен и не го почитува законот, како што се прикажува на почетокот. Додека пак Арно, сепак има еден закон, да си го одржи дадениот збор.
Тој му има дадено збор на својот пријател Горди, дека секогаш ќе му помага. Тоа го прави не бирајќи начини и средства.
Напишано од Лидија Кировска
Автори: