< Назад

Духот на баба Илонка

Производство: Formula film Croatia - Загреб, Гејзер Доо - Скопје, Knut.Ogris.Films Austria - Виена, ХРТ

Земја на потекло: Хрватска, Република Македонија, Австрија

Жанр: комедија

Род: Игран филм

Времетраење: 96 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2011

Содржина: Приказна за животот на едно современо ромско семејство, во која се испреплетени настани со многу музика, хумор и фантазија.
Главни ликови се членовите на семејсвото Алиеви, видено низ очите на десетгодишната Мануша (Селма Ибрахими). Семејството го сочинуваат бабата Илонка (Сабина Ајрула), таткото Храст (Ракан Рашаидат), мајката Аска (Александра Балмазовиќ) и Мануша. Баба Илонка е столбот на семејството. Таа е позната гатачка. Има натприродна способност да ја предвидува иднината. Откако баба Илонка ненадејно умира, во домот на Алиеви почнуваат да се случуваат чудни работи. Тоа најмногу го забележува нејзината внука. Мануша, заедно со својот единствен пријател од училиште, Зденко, почнува да истражува, што се случува. Дали во куќата има дух, или се проколнати. Храст и Аска остануваат без работа, семејството е на работ на егзистенција. Почнува да се остваруваат пророштвата на Баба Илонка. Храст, од музичар, станува водоводџија а Аска, од секретарка, станува гатачка. Мануша, постојано во своја близина забележува еден повозрасен господин. Не сака да оди на училиште, затоа што другите деца не ја прифаќаат и ѝ префрлаат дека е проколната циганка. Единствено Зденко ја дружи и ѝ верува. Мануша во ранецот наоѓа писмо од баба ѝ, внатре има слика од баба ѝ и човекот кој постојано го сретнува. Заедно со Зденко одат да го најдат човекот од сликата. Го наоѓаат на една ромска веселба. Тој е нејзиниот дедо. Фрлил магија на баба ѝ кога биле млади. Магијата е отстранета и семејството Алиеви, почнува нормално да живее.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Режија: Томислав Жаја
Асистент на режија: Уршка Кос
Директор на филмот: Лука Димитровиќ
Директор на фотографија: Марио Делиќ
Сценарио: Ирена Крчелиќ
Костимограф: Бланка Будак
Сценограф: Ивица Трпчиќ
Тон: Младен Перван
Монтажер: Хрвоје Мршиќ
Композитор: Вјеран Шаламон
Продуценти: Кнут Огрис, Борис Димитровиќ
Продукција: Хрватска Радио Телевизија
Aсистент на камера: Маја Јакимовска
2асистент на камера: Gottfried Schomelzer

Улоги: Селма Ибрахими, Марин Арман Грбин, Александра Балмазовиќ, Ракан Рушаидат, Крунослав Шариќ, Весна Перначич

Фотографии: