< Назад

Спортски амбасадори

Производство: ТВ Телма - Скопје

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: спортски

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 155 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2007

Содржина: Документарна серија во 10 епизоди за спортските легенди: ДАРКО ПАНЧЕВ, САША ЌИРИЌ, ГОРАН ПЕТРЕВСКИ, ЖАНКО САВОВ, АРТИМ ШАКИРИ, ГОЦЕ СЕДЛОВСКИ , ГОРАН ПАНДЕВ, ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ, ЉУПЧО САВЕВСКИ, БРАНИМИР ЈОВАНОВСКИ, ДРАГАН НАЧЕВСКИ И МАРИЈАН НАЧЕВСКИ. Фудбалелери, ракометари, стрелци, судии, спортски работници, репрезентативци на Македонија, кои ја претставувале својата земја во светот. Овие спортисти со своето искуство и професионализам, придонеле за афирмација на Македонија во Европа и светот. Зборуваат за тоа како биле прифатени во земјите каде играле и како ја промовирале својата земја.
ДАРКО ПАНЧЕВ, фудбалска икона, добитник на Златна копачка. Тој зборува за почетоците на својата кариера како играч на Вардар. Потоа оди во Црвена Ѕвезда, прави трансверот во Интер, Милано. Има играно во Фортуна Дизелдорф а кариерата ја завршува во Сион. За неговиот тален и успеси зборуваат Драган Стојковиќ-Пикси и Васил Рингов.
САША ЌИРИЌ, фудбалер и спортки работник. Кариерата ја започнал во Металур. Потоа продолжил во: Пелистер, Вардар, ЦСКА Софија, Арау, Нирнберг, Борусија, Ајнтрахт Франкфурт, Кикерс Офенбах.
ГОРАН ПЕТРЕВСКИ, познат кај навивачите по прекарот Чунга-Лунга е македонски репрезентативец и тренер. Неговите почетоци се во Вардар и Работнички. Кариерата ја продолжил во Кореа. Заедно со ЖАНКО САВОВ се меѓу првите фудбалери кои заминале од Македонија во Азија. Како фудбалер ги бранел боите на повеќе македонски клубови. Како тренер работел во Цементарница, Победа, Тетекс, Борец и други екипи.
АРТИМ ШАЌИРИ е фудбалер со богата фудбалска кариера. Важи за еден од најдобрите играчи во историјата на Македонската репрезентација. Познат по голот што го постигна од корнер, против Англија. Има играно за повеќе фудбалски клубови во: Шведска, Данска, Германија и др.
ГОЦЕ СЕДЛОСКИ својата фудбалска кариера ја започнал во прилепска Победа. Има играно за Хајдук, Динамо, Шефилд, потоа во Јапонија, Турција и др. Спортската кариера ја продолжил каако тренер во Металург, Вардар, Рига, Шкупи и други фудбалски клубови.
ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ, една од најдобрите десни бекови во историјата на женскиот ракомет. Зборува за тоа како 20 години активно игра ракомет а спортската кариера ја продолжила како тренер. Нејзин најголем успех е Светското првенство во Герменија, каде е прогласена за најдобар стрелец, со постигнати 71 гол. Со ракометниот клуб „Кометал Ѓорче Петров“ ја освоила титулата во Лигата на Шампиони.
ЉУПЧО САВЕВСКИ е ракометар и тренер. Работел во сите скопски ракометни клубови. Од странство ги издвојува престоите во: Италија, Франција и Саудиска арабија, каде ја афирмира Македонија.
БРАНИМИР ЈОВАНАНОВСКИ е светски и олимписки рекордер во стрелање со воздушен пиштол. Носител на златен медал на Параолимписките  игри во Барселона, 1992 година. Работи на унапредувањето на стрелаштвото во Македонија. Со своите спортски успеси, ја промовира Македонијаво светот.
ДРАГАН НАЧЕВСКИ е спортски судија кој  повеќе од 25 години е дел од ракометот. Во овој период тој ја делел правдата на многу домашни и меѓународни натпревари.Заедно со Марјан Начевски важат за најдобрите европски ракометни судии.
МАРЈАН НАЧЕВСКИ кариерата ја започнал како ракометар на Бутел и Електромонтажа. Заедно со Драган Начевски имаат судено на Олимпијади, Светски и Европски првенства, во Лигата на шампиони и домашни и меѓународни натпревари. Тој е првиот генерален секретар на македонскиот ракометен сојуз.

Автори:


Водител: Бранко Илиевски