Производство: ДТД Милко - Скопје
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 122 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година:
Содржина: Документарно играна серија во четири епизоди за четирите маала во Охрид: ВАРОШ, МЕСАКАСТРО, КОШИШТА И ВЛАШКА МААЛА и нивните семејства.
Во играниот дел, на еден радио водител му е доделена задача да напрви емисија за познатите охриѓани и охридските маала. Се јавуваат слушатели и зборуваат во живо. Никола Поп Стефанија, е редовен гостин во радио програмата.
Гостин во документарниот дел е Владо Жура. Тие изнесуваат интересни податоци за културата, забавата, занаетите и општо за начинот на живеење во Охрид. Опфатен е период од турско, бугарско, српско и грчко владеење.
ВАРОШ е најстарото охридско маало во кое се наоѓаат најголемиот број на културно историски споменици, четири порти, куќата на Робевци, најпознатите цркви и манстири. Познато по градските кафеани и охридските трубадури.
Населбата МЕСАКАСТРО е сместено на источната страна на Калето, некогаш било предградие на Охрид. Тука било сместено старото охридско кино, градскиот саат, стариот чинар и чаршијата. Живееле познати семејства кои се занимавале со трговија и изработка на познатиот охридски бисер.
КОШИШТА се протегана северно од Калето. Оваа населба е позната по пазарот, училиштето „Св.Кирил и Методи“, првото женско училиште, населението кое одело да бели платно на езерото. Се спомнуваат и сточниот пазар, чаршијата со занаетчиски дуќани, кафеани и др.
ВЛАШКА МААЛА е населба создадена 1785-1790 година, кога Власи од различни места почнале да се доселуваат во охридското поле. Најпознат објект во ова маало е гимназијата. Кај старите гробишта се одржувал и голем панаѓур. Раскажана е легендата за тоа како настанала песната „Решив да се женам“.
Автори: