< Назад

На влезот во ЕУ

Производство: Егзија Продукција

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 100 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2003

Содржина: Документарна програма од десет емисии, за влез на Македонија во Европската Унија.
Македонија се определи за интегрирање во европското семејство. Се започна 1995 год, по што следат фази на приближување и исполнување на услови за влез во ЕУ. Свесни дека патот ќе биде долг. Од 1996 год. Р.Македонија е корисник на програмата ФАРЕ, потоа следи спогодба за соработка, состаноци и политички дијалози, отварање канцеларија на Европската комисија во Р.Македонија, спогодба за стабилизација и асоцијација и др. Се обработуваат прашања за тоа што треба да се направи, што треба да се очекува и за колку време Р.Македонија може да влезе во ЕУ. Дадена е кратка историја на Европската Унија, како и предностите што ги имаат земјите членки.
Насловите на епизодите се: ФАКТИ, ПРОЦЕС, ЗОШТО ЗАЕДНО?, КАКО ЗАЕДНО?, ЗАЕДНИЧКО ЖИВЕЕЊЕ, ЗАЕДНИЧКИ ПАЗАР, ЕВРОРЕАЛНОСТ, ЗА ЕВРОПА БЕЗ ГРАНИЦИ, УНИЈАТА ДЕЛ ОД СВЕТОТ И РЕАЛНОСТ.
Соговорник во емисиите е д-р Татјана Петрушевска од Правниот факултет во Скопје.

Автори:


Спикер: Владимир Перчукллиевски