Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: музички
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2007
Содржина: Играно документарна програма во две епизоди, за македонските народни песни: ЛЕНКА ИДЕ ОД БАЊА и ДОЈДИ ТОДЕ, ДОЈДИ ПРВО ЛИБЕ.
„Ленка иде од бања“ е македонска народна песна со хумористична содржина. Песната е според вистинит настан што ѝ се случил на убавата штипјанка Ленка Циклева. Одејќи кон Бањата Кежовица, младата девојка ја испуштила бовчата со алиша. Се наведнала да си ја земе бовчата ама и пукнал ластикот од гаќите и тие ѝ паднале. Ова било добар повод штипјани да го овековечат настанот во песна. Ленка воопшто не се лутела на своите сограѓани. Таа дури и си ја потпевнувала песната. Песната до ден денес се пее во Штип на разни прослави.
Втората епизода е посветена на песната „Дојди Тоде, дојди прво либе“. Опеана е големата љубов помеѓу Маре Малинова и Тоде Мијалков. Тие се заљубиле на прв поглед. За нивната голема љубов се зборувало насекаде. Својата љубов овие двајца луѓе во 1934 год. ја крунисале со брак. Инспирација на штипјани да создадат песна била љубовта на Маре и Тоде. Но, има делови во песната кои се измислени, за да биде поинтересна и да добие хумористична нота. За ова сведочи аудио снимката од Маре, која раскажува точно како настанала песната и за нејзината љубов со Тоде.
Автори:
Наратор: Марија Салтирова
Играа: Деспина Царева, Филип Панајотов и Трајан Ристовски
Музичари: Панче Мусев – Мусето и Љупчо Малинов - Бубо