Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Жанр: репортажа
Род: Журнал
Времетраење: 1.14 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1950
Содржина: ПРИЛОГ 1 - НАШИОТ ПРВ ФИМСКИ СНИМАТЕЛ /
Краток нецелосен прилог за првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. Во средно крупен план Милтон со камера, забележан од објективот на снимателот Драган Митровиќ. Од горен ракурс, во тотал, снимени улици, Теразије во Белград. Во средно крупен план Милтон и снимателот покрај статив и фотографски апарат. Милтон слика со молив или графит. Следуваат неколку фотографии од неговата архива: султанот Мехмед Решад V и илинденски јунаци од 1903 година. Манаки и снимателот Митровиќ поставуваат статив и камера на земја. Милтон снима. Неколку документарни кадри снимени од камерата на Манаки во 1911 година, од посетата на султанот Решад V на Битола.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: