< Назад

Татко

Производство: Small Moves

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: Драма

Род: Краток игран филм

Времетраење: 13.50 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2019

Содржина: Да требаше да се опише содржината со една реченица, или да имаше поднаслов, тоа би било судирот на личниот избор и патријархалната догма. Во филмот ТАТКО, режисерот успева да ја компресира тежината на една семејна и социо-културна драма во кратка, но извонредно набиена 14-минутна дуодрама. Пренесен преку реалистична естетика, филмот го прикажува емотивниот и идеолошкиот судир меѓу таткото (Владо Јовановски) и неговиот син (натуршчикот Иван Даниловски) во една запуштена, трошна куќа во осамено планинско село.
Сетингот сам по себе е симболичен: куќата, обележана со знаците на минливоста и запуштеноста, станува метафора за старите, затворени светогледи што полека се рушат под налетот на новите реалности. Камерата, речиси статична и интимна, го доловува секој нервозен здив, секоја промена на изразот, правејќи ја секоја тишина подеднакво моќна како и зборовите што се изговараат. Најголемиот дел од филмот се одвива во ентериер на соба каде се водат дијалозите помеѓу таткото и неговиот син, во крупен и среден крупен план на лицата на извонредните актери.
Централниот момент на филмот е признанието на синот дека е хомосексуалец – исповед што во патријархалниот контекст на ова изолирано место одекнува како молња. Конфликтот не е класичен, бурен и експлозивен, туку напнат и воздржан, што ја прави драмата уште позагадочна и полна со неизречени емоции.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Автори:

Директор на фотографија: Димески Дејан
Костимографија: Крстевска Жаклина
Асистент на монтажа: Иванов Мартин

Шминка: Мартин Павловски
Извршен продуцент: Корнелија Марковска - Ристовска

Фотографии: