< Назад

Зборот (Fjala)

Производство: SEJVI Production

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 29 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2016

Содржина: Нехат е средовечен маж, кој почнува да работи во интернет кафе. Тој е женет, неговата жена е наставничка. Тие немаат деца а двајцата работат со деца. Кај Нехат на работа доаѓа негов пријател и остава пиштол. Деца постојано играат компјутерски игри со пукање и убивање. Тие стануваат агресивни кога губат и едно од децата ја удира тастатурата. Нехат го брка детето и го повлекува за уво. Доаѓа таткото на детето и го напаѓа Нехат. Малата расправија меѓу двајца стари пријатели, прераснува во жесток конфликт. Вели дека и неговата жена исто така ги тепа децата на училиште. Нехат замислува како го убива таткото со пиштолот од другар му. Утредента доаѓа таткото и му се извинува на Нехат за немилиот настан. Мислел дека син му е тешко болен и го носеле на испитување, затоа бил нервозен.
ЗБОРОТ е заснован на вистинска приказна која се обидува да ја пренесе својата порака како одраз на реалноста и менталитетот на општеството во кое живееме. Сè започнува со зборот. Суровиот збор, изговорен во гнев, го разгорува огнот на омразата и одмаздата. И доброто и лошото започнуваат со зборот. Убиства и конфликти во различни форми се случуваат токму како резултат на зборот и во отсуство на еден збор, „извини“. Навременото извинување може да направи разлика помеѓу животот и смртта.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Настапуваат :
Беким Смајли, Енис Илјази, Генц Алили, Илир Рустеми, Беким Селими, Демир Сефери, Алгерт Скендери, Бујар Халили, Дрин Мурати, Ајхан Камили, Мухамед Садику и др.

Фотографии: