Производство: Македонска Телевизија
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 60 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Емисијата започнува со интервју, кое го води филмскиот критичар Ѓорѓи Василевски, со мајсторот на светло или гафер, Петар Богоевски. Богоевски зборува за љубовта кон оваа професија, почетоците и првиот филм на кој работел„ Време води“ во режија на Бранко Гапо. Разговорот е надополнет со инсерти од филмовите: „Третиот човек“-Керол Рид и „Беше еднаш во Америка“-Серџо Леоне. Потоа разговорот продолжува за осветлувањето во филмовите „Џипси меџик“, „Пред дождот“ и др. Станува збор за тоа колку е важно осветлувањето во филмовите, за видовите на осветлување, кое може да е природно или вештачко. На тема осветлување, зборува актерката Арна Шијак. Таа прави паралела за светлото на сет за филм и на театарска сцена. Свое учество во емисијата имаат и Лабина Митевска, Данчо Чевревски и др.
Автори:
Уредник: Венцислав Димитровски
Продуцент: Лазар Горгевиќ
Музички соработник: Дарко Мојсеев
Графичка обработка: Љиљана Станевска
Електронска монтажа: Ацо Бошковски
Автор на емисијата: Ѓорѓи Василевски