< Назад

Време на бетон

Производство: Скопје Филм Студио

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: репортажа

Род: Документарен филм

Времетраење: 55.53 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2024

Содржина: Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ ја опфаќа изградбата на Скопје во 20 век. По разорниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година, градот останува во урнатини. Трагедијата ги отвора вратите за невидена хуманитарна и стручна помош од целиот свет. Во овој контекст, филмот не е само приказна за градба – туку и за идентитет, за надеж и за визија за иднината.
Филмот ја користи урбаната архитектура како наративно средство – бетонското Скопје е симбол на еден поинаков, социјалистички сон, но и на тивка драма на градот и неговите луѓе. Меѓународниот тим развива план за „град на иднината“ – со авангардна архитектура, широки булевари и функционална модерност. Бетонот станува клучен градежен материјал – симбол на отпорност, трајност, но и идеолошка моќ. Се градат нови објекти: Транспортен центар, Студентски домови, Музеј на современа уметност, Собрание, итн. Преку нарација во офф тон се прави паралелата помеѓу времето кога Скопје беше изградено врз урнатините, со сегашното време во кое тие исти згради се уште стојат бетонски отпорни, но упропастени од негрижата на државата. Опфатен е и проектот „Скопје 2014“, кој авторот го осудува и го нарекува Урбицид. Документарецот завршува со порака дека градот ќе биде ценет од идните генерации.

Напишано од Миранда Ала Речи

Автори:

Продуцент: Салковски Томи
Директор на филм: Крајчевски Дејан
Директор на фотографија: Клинчаров Ѓорѓи

Наратор: Никола Ристановски
Избор и изведба на музика: Дуња Иванова
Соработници на сценарио: Мишко Ралев, Јордан Минов

Фотографии: