Производство: Монокит филм
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Краток игран филм
Времетраење: 12.50 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2018
Содржина: Современа приказна за две тинејџерки, Дона и Андреа. Прикажан е животот на двете шеснаесет годишни другарки, кои заедно поминуваат едно деноноќие.
Една вечер Дона оди кај Андреа на гости со преспивање, бидејќи е сама дома. Тие се спремаат да излезат во клуб, каде одат повозрасни. Дона е вљубена во Виктор. Девојките убаво се забавуваат, танцуваат, пијат алкохол, пушат цигари, дури во еден момент и се бакнуваат. Се враќаат доцна дома кај Андреа да преспијат. Утредента мајка и на Андреа е вратена, им прави појадок и ги буди да станат. По појадокот Дона се враќа дома.
Филмот е за другарството, дотерувањата, ноќните излегувања по клубовите, заљубувањата, разочарувањето и ситните лаги кои им се кажуваат на родителите. Типична урбана приказна за девојки на нивна возраст.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
2 асистент на режија: Ана Опачиќ
Скрптер: Алисија Ферро Вилалба