< Назад

Змија

Производство: Веда Филм - Скопје

Земја на потекло: Република Северна Македонија, Бугарија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 20 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2019

Содржина: Приказна за пријателството помеќу деветгодишниот Марио и ексцентричното момче Борче, кој е геј. Борче не е прифатен од околината во која живее. Тој „чудно“ се облекува, се шминка и дома има многу необични фигури, од кои повеќето се змии. Ова го привлекува малиот Марио и тие двајцата почнуваат да се дружат. Татко му на Марио, кога дознава за тоа со кого се дружи син му почнува кавга со сопругата. Тој ја обвинува дека таа не го воспитала а најголем проблем му е што ќе речат соседите. Како воспитна мерка со каиш го тепа син му. И му забранува да се дружи со Борче.
Една вечер децата од маалото преправени како индијанци, го каменуваат Борче. Тој паѓа и сите исплашени се разбегуваат, само Марио останува да му помогне. Дејството на филмот се случува во едно мало македонско гратче.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Други соработници :
Директор на фотографија -- Кирил Проданов
Монтажа -- Невелин Вулчев
Втор асистент на режија -- Петар Вулчев
Прв асистен снимател -- Делиа Георгиев
Втор асистент снимател -- Сергеј Ѓауров
Настапуваат -- Васка Ангелова, Костадин Узунов, Димитар Стојчевски, Марија Илкова, Елена Кочарева, Ангелина Ангелова

Фотографии: