< Назад

Идентитет

Производство: FrameIn продукција

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: трилер

Род: Краток игран филм

Времетраење: 24.18 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2019

Содржина: Филмот започнува со главниот лик Бјонд и неговата сопруга, која пронаоѓа чанта со пари и го прашува Бјонд од каде потекнуваат парите?!?
Веднаш во следната секвенца, се менува текот на приказната. Бјонд разговара со ликот Сем и бара од него да го пронајде убиецот на неговата сопруга. Сем ја започнува својата истрага и наоѓа слика од двајца натрапници кои влегувале во куќата на Бјонд. Во меѓувреме, во текот на филмот, приказната започнува да се испреплетува и ни дава до знаење дека ликот Сем е непостоечки, односно дека тој самиот е Бјонд. Натрапниците кои Сем ги следи, го фаќаат и во текот на разјаснувањето Сем доаѓа до некое сознание дека тој е Бјонд. Затоа тргнува и оди во куќата на Бјонд и таму се соочува со главниот лик Бјонд. Во текот на соочувањето се дознава дека Сем е лик креиран во умот на Бјонд, поради лошото дело кое го сторил, односно како механизам на самоодбрана. Соочувањето накратко нè запознава со тоа дека Бјонд земал пари за лекување на неговата ќерќа. Во моментот кога сопругата го соочува се реалноста дека нивната ќерка е умрена и дека он мора да посети психијатар, Бјонд ја турнува на под, она ја повредува главата и умира. Кога Бјонд ќе сфати што сторил, се обидува да го убие Сем, но откако обидот му е безуспешен, Бјонд врши самоубиство, фрлајќи се од зграда.

Напишано од Миранда Алла Речи

Автори:

Директор на фотографија: Наумовски Горан
Костимографија: Имери Емира
Монтажа: Мемеди Ерман
Сценарио: Мемеди Ерман
Сценографија: Ѓорѓиевски Спасе

Фотографии: