Производство: Реал Филм Продукција, MACHINA Продукција
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Род: Краток игран филм
Времетраење: 20 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2023
Содржина: Љубовна приказна за Раде и Нина, која се одвива во 1990 година. Филмот е снимен по вистинит настан.
Нина е најубавата девојка во маалото. Таа е секогаш дотерана и не комуницира многу со соседите.
Секогаш кога Нина ќе помине, Раде останува без здив. Раде постојано му зборува на својот најдобар другар Жељо за Нина. Колку е заљубен и колку е убава. Другарите го задеваат дека нема шанси кај неа. Но, тоа не го мисли Нина. Таа почнува игра по телефон и се зближува со Раде. Нивната игра е таа да му се јавува на телефон и да молчи и со тик-так (тропање) да одговара на прашањата. Тој е несигуран и незнае дали навистина и се допаѓа, иако Нина му праќа очигледни сигнали. На крај тие сепак завршуваат заедно.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Улоги: Сања Арсовска, Исмет Шабановиќ, Даријан Петров