< Назад

Тетовски самрак

Производство: Dream Faktory - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Документарен филм

Времетраење: 61 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2019

Содржина: Во филмот паралелно се раскажуваат три приказни, преку секојдневието на Самир Љума, Ана Марија и момчињата од реге бендот Conqueing Lions. Тие ни го откриваат животот на младите во Тетово, по конфликтот меѓу Албанците и Македонците во 2001 година.
Опфатени се теми од: културата, политиката, егзистенцијата и иселувањето на млади успешни уметници.
Самир Љума за неколку дена треба да замине за Доминиканска република, да работи во сафари парк. Таму ќе престојува три месеци, но сепак разделбата од неговите блиски тешко му паѓа. Тој го користи времето за да се види со родителите и другарите. Сите се многу емотивни поради неговото заминување.
Посебно неговата мајка која му ги прави омилените јадења, пред да замине. Самир ѝ помага и во правењето ајвар, за да поминат повеќе време заедно. Самиот вели: „Ќе се вратам ако не ми е убаво, но и ако ми е убаво. Тука се моите родители, пријатели, се ми е тука“.
Ана Марија е хористка во црковен хор и подржувач на левото крило во политиката. Таа е југоносталгичарка. Во нејзината соба има фотографии од Тито, знаме од поранешна Југославија. Убедена е дека комунизмот е најдобрата опција на уредување на една држава и е против иселувањето на младите. Талентирана е за пеење и е членка на хорот „Менада“ од Тетово. Нејзините родители ја задеваат дека комунизам и религија не одат заедно. Нејзините политички убедувања се честа тема на разговор со нејзините блиски.
Членовите на реге бендот Conqueing Lions, се посебна приказна. Тие цртаат графити, носат суканици, возат скејт. Со капи како на Боб Марли, кои самите ги плетат, звучат и изгледаат како да се од Јамајка. Урбани момци кои отскокнуваат од тетовското секојдневие. Нивниот проблем е што не можат да најдат место за вежбање со бендот. Неколку пати се селат, или заради финансии, или заради нетолерантни соседи на кои им пречи нивното музицирање.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Фотографии: