< Назад

Тоа е мојот живот

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Анимиран филм

Времетраење: 11 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 0

Година: 1986

Содржина: Филмот е комбинација од анимација и играни секвенци. И во двата дела сврзно ткиво е чукањето на врата. Тоа е приказна за еден човек кој се наоѓа во разни ситуации за време на својот живот, па дури и да биде стрелан, при што после секоја од тие ситуации, слуша чукање на вратата и кога ја отвора, има човек пред неа кој го удира по главата. Тоа е анимираниот дел кој има 32 кадра. Играниот дел е составен од 18 кадри, поделени во две секвенци. Во првата секвенца аниматорот го прави веќе видениот цртан филм, слуша чукање на вратата и кога ја отвора, и него го удира човек по главата. Во втората секвенца една жена прави збир на фотографии на кои е аниматорот во разни ситуации, и одеднаш слуша чукање на вратата. Настанува дилемата дали да ја отвори вратата?

Автори:


Други соработници:

соработници -- Тонкица Митровска; Милка Ковиловска; Лидија Калиќ; Славољуб Игњатовиќ; Анѓелко Миловиќ
трик камера -- Петар Ќортошев
асистент снимател -- Александар Прошев
светло -- Петар Богоевски
музика – „Бастион“
фотограф -- Румен Ќамилов
цртеж -- Боро Пејчинов

Фотографии: