Род: Аматерски филм
Времетраење: 0 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 9.5
Година: 1945
Содржина: Дрнков најнапред ја регистрира изложбата на фотографии која е некаков вовед во свеченото пуштање на мостот во употреба. Фотографиите го прикажуваат мостот обраснат во трева, со рѓосани шини. Веќе следните кадри се со нова димензија и композиција. Се работи за своевидна драматургија, од подвижни слики, преку статични кадри, до распеани подвижни слики на новото време што доаѓа, со отворањето на мостот и со поминувањето на возот по шините што веќе не се 'рѓосани. Филмот има вкупно 43 кадри.
Автори: