Производство: Бирарија филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 17 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 2000
Содржина: Роза Мојсовска е родена во 1966 година во Скопје. Од шестмесечна возраст па се до деветтата година е лекувана во болницата Бањица во Белград, каде безуспешно е оперирана седум пати. Лекарите нејзината болест ја дијагностицирале како Arthrogripozis Multiplex Congenita, status post operativa. Болеста оставила трајни последици – инвалидитет 100%. Од 1976 па сè до денес престојува во заводот за рехабилитација во Бања Банско – Струмица. Физичката болка не го срушила духот на оваа девојка од скопската населба Карпош 3. Роза Мојсовска има издадено збирка поезија „Во прегратките на Исус”, во 1977 год. Учесник е на неколку групни ликовни изложби, а има и две самостојни во Струмица, во 1995 и 1998 година…
Автори: