< Назад

Подгревање на вчерашниот ручек

Производство: Гала филм - Софија, Дигит проп - Скопје

Земја на потекло: Бугарија, Република Македонија

Род: Игран филм

Времетраење: 98 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2002

Содржина: Телевизиска екипа снима документарен филм во неименувано македонско село, со старицата Катерина Вандева која потекнува од старо комитско и делумно пробугарски ориентирано македонско семејство. Таа пред камерите ги кажува преживеалиците од нејзиниот мачен живот. Нејзината животна приказна е драматично поврзана со историските настани многу значајни за македонската историја од XX век: српската окупација по Првата светска војна, бугарската окупација за време на Втората светска војна, дејноста на илегалните партизански борци за време на војната, инсталирањето на комунистичката власт по војната, логорите на Голи Оток, преживувањето на комунистичките номенклатури дури и по падот на комунизмот.
Нарацијата на филмот во поголем дел е во оф-тон, раскажана од главниот лик - Катерина Вандева, додека дејството е илустрирано. Дел од настаните таа ги раскажува во рамките на снимањето на документарниот филм, пред камерата, а дел од нив се прикажани на монитор, од снимените ленти. Во мал дел нарацијата се потпира на акцијата и дејствата на протагонистите. Сцените во филмот се предадени наизменично, во сегашното време на нарацијата, додека се снима документарниот филм; и во минатото време на приказната, настаните и случките кои ги раскажува главниот лик – Катерина.
Во филмот се зборува на бугарски јазик, а како мотив за една од композициите на филмската музика послужила песната „1762 лето“, за која текстот го напишал Григор Прличев.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

Автори:


Други соработници :
Режија -- Костадин Бонев
Директор на фотографија -- Константин Занков
Монтажа -- Татјана Богданова, Бојка Попова, Младен Стојанов
Музика -- Николај Иванов
Сценографија -- Георги Тодоров
Костимографија -- Борјана Семерџиева
Извршни продуценти -- Галина Тонева, Кирил Кирилов

Улоги: Светлана Јанчева, Билјана Казакова, Марија Мазнева, Руси Чанев, Снежана Петрова, Галин Стоеб, Атанас Атанасов

Фотографии: