Производство: Сејви продукција
Земја на потекло: Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 23 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2015
Содржина: Во овој документарен филм, кој има и играни секвенци за подобро доловување на атмосферата и вистинитоста на случувањата, се прикажува животот на шестчленото семејството Бериша од Призрен, Р. Косово. Децата од ова семејство, на 7-8 годишна возраст, го загубиле видот како последица на наследната болест која предизвикува изумирање на клетки на видот, позната во народот како „кокошкино слепило“. Херој во овој документарен приказ е мајката, која од домаќинка во многудетното семејство, се претворува во педагог, читајќи им ги школските лекции на децата, додека не ги научат. Денес децата Валон и Валмира имаат завршено мастер студии на Универзитетот во Тетово, додека помалата ќерка Диелза дипломира на факултетот за правни студии во Призрен.
Награди: 2016 „Сребрена потковица“ - Меѓународен филмски фестивал „Астерфест“, Македонија
Автори:
Други соработници:
тон -- Кенан Мамути
учествуваат -- семејство Бериша, Зелије, Неби, Валбона, Валон, Валмира и Диелза
Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2015