< Назад

Почетоците на фотографијата

Производство: ТВ М - Охрид

Земја на потекло: Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 28 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2001

Содржина: Филмот е посветен на познатиот фотограф и аматерски снимател, Благоја Поп Стефанија од Охрид (1905-2001). Тој зборува за своето детсво во родниот град и за љубовта кон фотографијата, што ја наследил од вујко му Ставре, од кого го учел занаетот. Тој раскажува за неговиот живот и за професија, за првиот дуќан отворен во 1927 година и за многубројните фотографии. Понекогаш правеле и по 300 фотографирања дневно. Има сочувано голем број стари фотографии и секоја од нив има своја приказна. Со големи емоции зборува за љубовта на својот живот, неговата сопруга. Со гордост истакнува дека го има во книгата на Илинденка Петрушева „Време на игри и соништа“, каде е споменат како пионер на филмскиот аматеризам во Македонија, заедно со Дрнков, Миноски, Миладинов и др.

Автори:


Автор на научен текст: Вера Караџова
Музички соработник: Петар Алексоски
Светло: Трајко Пројковски