Биографија: (Скопје,1940 - Скопје, 09.06.2016) Карикатурист, сатиричар, филмски режисер, сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972 година специјализира анимиран филм во Загреб, под менторство на оскаровецот Душан Вукотиќ. Професионалната кариера како карикатирист ја започнал 1960 година, работејќи за повеќе весници и списанија во Македонија и поранешна Југославија. Од 1966 до 1975 година работи како главен уредник на хумористично-сатиричното списание „Остен“ и како директор на Светската галерија на карикатури во Скопје. Со филм активно се занимава од 1975, кога се вработува во „Вардар филм“, отворајќи го студиото за анимиран филм. Од 1978 работи како слободен уметник, а во 1983 е назначен за професор на Факултетот за уметност во Скопје по предметот анимиран филм. Во истиот период работи како главен уредник на културно-уметничката програма во Телевизија Скопје. Од 1988 до 1995 живее и работи во Лондон. Во 1995 се враќа во Македонија. За своите карикатури и анимирани филмови, има добиено преку триесет награди и признанија. Живее и работи во Скопје.
Награди: 1974 ТВФ, Порторож, награда за нов ТВ израз / „Шоу машина“ 1976 ФЈДКФ, Белград, Златен медал-Белград за режија на анимиран филм / „Граница“ 1976 ФЈДКФ, Белград, Златен медал-Белград за режија на анимиран филм / „Стоп“ 1976 МФФ, Оберхаузен, специјална диплома / „Стоп“ 1976 ФФ, Тузла, награда за режија / „Стоп“ 1976 ФЈДКФ, Белград, Кекец-за режија на анимиран филм од Советот за воспитување и заштита на децата / „Граница“ 1977 Награда 11 Октомври за сценарио, режија и анимација / „Каша“ 1977 МТВФ, Монтре, Сребрена роза / „Каша“ 1978 МФФ, Билбао, диплома / „Стрелби“ 1979 МФФ, Краков, Сребрен змеј / „Циркус“ 1979 МФФ, Оберхаузен, награда на градот Оберхаузен / „Последниот прозорец“ 1980 ФЈДКФ, Белград, Голем златен медал-Београд за режија на анимиран филм / „Рака“ 1980 МФФ, Оберхаузен, награда на католички филмски работници и ФИПРЕСЦИ / „Рака“ 1982 МТВФ, Монтре, Бронзена роза / „Фестивал“ 1982 Награда 13 Ноември / „Фестивал“ 1982 ФЈДКФ, Белград, специјална повелба за пионерска и креативна работа на полето на анимацијата 1983 ФЈДКФ, Белград, Голем златен медал-Београд за најдобар мини филм / „Фотеља“ 1997 МФФ, Драма (Грција), Златен медал „Златен Диоген“ за анимиран филм / „Фасада“
Филмови: 1972 СПОМЕНИК, анимиран, Загреб филм 1973 ШОУ МАШИНА, анимиран, Телевизија Скопје 1974 СТОП-НАПРЕД, анимиран, Телевизија Скопје 1977 КАША, режија, сценарио, анимиран, Телевизија Скопје 1982 ФЕСТИВАЛ, режија, сценарио, анимиран, Телевизија Скопје 1983 ФОТЕЉА, анимиран, Телевизија Скопје, Македонија филм 1984 РАЗИГРАНИ НОСИИ, анимиран, Телевизија Скопје 1987 ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, Југословенско друштво за туризам 1996 ПТИЦА, режија, сценарио, анимиран, Вардар филм 1997 ОЛЕСНУВАЊЕ, режија, сценарио, анимиран, Вардар филм
Филмографија:
1976:
Граница
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1976:
Стоп
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1976:
Три минути во светот на Мирослав Бартак
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1977:
Бело топче
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1977:
Пет филма од рака
(
Режија,
Сценарио,
)
1977:
Стрелби
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1978:
Буквар за писмени
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1979:
Циркус
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
Сценографија,
)
1979:
Последниот прозорец
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1980:
Рака
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
Сценографија,
)
1983:
Пецко - еден ден живот
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
Сценографија,
)
1983:
Пецко - нафтен дериват
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
Сценографија,
)
1985:
Пецко - дрвце
(
Режија,
Сценарио,
)
1985:
Пецко - големиот нос
(
Режија,
Сценарио,
)
1985:
Пецко - слика
(
Режија,
Сценарио,
)
1985:
Пливај понатаму
(
Режија,
Сценарио,
)
1986:
Блабатори
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1986:
Напред - назад
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1986:
Филм од хартија
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1987:
Апартман
(
Соработник,
)
1988:
(Нај)тешкото
(
Сценарио,
)
1996:
Фасада
(
Режија,
Сценарио,
)